Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Пере Тошев

Роден е во 1865 година во Прилеп. Се школувал во родниот град, а од 1882 година во Солунската машка гимназија, од каде во 1884 година е исклучен поради учество во училишен бунт. Истата година завршува VI клас во Пловдиската гимназија. Од 1892 година учителствува во Прилеп, а по создавањето на ВМОРО следната година, го основа првиот револуционерен комитет во Прилеп. Во 1893-1894 година учителствува во Скопје, каде формира комитет. После тоа учителствува во Битола, каде се заедно со Ѓ.Петров и Д.Груев.

Во 1896 година се преместува во Солун како учител во егзархиската гимназија. Од 1898 година работи како училишен инспектор во Солунскиот санџак. Од 1898-1901 година е член на ЦК на ВМОРО.

Во јануари 1901 година, тој заедно со целиот состав на ЦК бил уапсен, осуден на 101 година затвор и заточен во Подрум-кале. По амнестијата во 1902 година се вратил во Македонија каде зел учество во Илинденското востание и го раководи Мариовскиот револуционерен реон.
Делегат е на Прилепскиот конгрес во 1904 година. На Рилскиот конгрес во 1905 година бил прифатен од него изработениот Правилник на ТМОРО и повторно избран во нејзиниот ЦК.

По Младотурската револуција П.Тошев е против легализирање на организацијата. Во 1910-1911 година е училишен инспектор во Солунско.

Пред Првата балканска војна оди во Софија да се лекува. По склучениот договор помѓу Србија и Бугарија на 29 февруари 1912 година за поделба на Македонија. решава да се врати во Македонија. На пат за Прилеп, на 4 мај 1912 година, попаднал во турска заседа и бил убиен во Дреновската клисура.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik